Пандемијата со ковид-19 збриша градови колку Крушево и Вевчани

За месец и половина во Македонија речиси 1.000 лица ја изгубија битката со вирусот

204

За само месец и половина од втори август до 18 септември од ковид-19 во земјава починаа 966 пациенти, а најголемиот дел од нив во болнички услови. Најмладата жртва на опасниот вирус е шестмесечно бебе, двегодишно дете, 15/годишна тинејџерка, но и две осумнаесетгодишни, едната трудница, а другата мајка на 6-месечно бебе. Професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија алармира на фактот дека бројот на починати во Македонија од ковид-19 надмина 6.460.Според него колку е оваа бројка сериозен за една мала држава како Македонија споредува со големината на некои наши населени места. -Ако оваа бројка не ви изгледа страшна, замислете за само една и пол година да ги снема Крушево и Вевчани – пишува д-р Беќаровски на својот ФБ-профил

 

Македонија е завиена во црнина поради лошата ковид/статистика и бројот на починати лица во изминатиов период. Загрижувачки е што во четвртиот бран кога доминира индискиот сој на коронавирусот на списокот што ја губат битката се сè повеќе лица од помладата возрасна група, под 45 години. Изминатава недела 7 отсто од починатите се помлади лица, што не беше случај досега. Во изминатите три брана најголем број од жртвите на ковид-19 беа над 59 години.

За само месец и половина од втори август до 18 септември од ковид-19 во земјава починаа 966 пациенти, а најголемиот дел од нив во болнички услови. Најмладата жртва на опасниот вирус е шестмесечно бебе, двегодишно дете, 15-годишна тинејџерка, но и две осумнаесетгодишни лица, едната трудница, а другата мајка на 6-месечно бебе. Но, на црниот списокот има и млади лица од 20 до 30 години кои, за жал, не се изборија со вирусот.

За актуелната состојба загрижени се и нашите лекари, врвни специјалисти. Еден од нив е професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија кој што алармира на фактот дека бројот на починати во Македонија од Ковид-19 надмина 6.460.Според него колку е оваа бројка сериозан за една мала држава како Македонија, споредува со големината на некои наши населени места.

-Ако оваа бројка не ви изгледа страшна, замислете за само една и пол година да ги снема Крушево и Вевчани – пишува д-р Беќаровски на својот ФБ-профил.

За него ова е премногу болно, премногу тажно, прашувајќи се дали можеше да биде помалку тажно?

-Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетесот, дебелината, хипертензијата итн. вели д-р Беќаровски и дополнува дека навремената вакцинација можеше да го намали смртниот исход.

Според него од 10 август околу 1.000 наши невакцинирани граѓани починаа од ковид-19. Тој потсетува дека сите досега објавени студии укажуваат дека ризикот од смртен исход кај вакцинираните е најмалку 11 пати помал.

-Наместо 1.000 нови гробови и расплачени семејства, тој број ќе беше помал околу 90 – укажува д-р Беќаровски..

Министерот за здравство Вено Филипче во своите изјави укажува дека високата смртност се должи на тоа што граѓаните доцна се јавуваат на лекар, не се вакцинирани и дека имаат и други коморбидитети.

Јавноста постојано си го поставува прашањето дали сме болна нација, бидејќи токму кога имавме рекордни 41 лице починато од ковид-19(бројка која ја немаме од втори мај годинава), ресорното министерство кажа дека 29 од нив биле со хронични болести, а 38 биле невакцинирани. Висок процент од 70 отсто отпаѓа и на лицата со коморбидитети од околу 6.500 пациенти што не се изборија со вирусот.

Матичните лекари реагираат дека заради епидемијата на многу лица им било скратено лекувањето, бидејќи не можело да се закаже за повеќе интернистички прегледи. Дека е така деновиве потврди и министерот Филипче, кои што кажа дека од јануари- февруари 2022 година ќе има нов модел за закажување на специјалистички прегледи.

-Со короната превентивните прегледи малку се успорија и затоа апелирам до се подигне превенцијата. Тука сме ние матичните лекари да помогнеме, но факт е дека во ова време народот плашејќи се од короната не одеше на редовни прегледи и контроли. Токму поради тоа многу граѓани починаа од малигни заболувања- реагира д-р. Лилија Чолакова/Дервишова, матичен лекар

Превентивните прегледи можат да откријат одредена болест навреме, но по дијагностицирањето неопходни се и редовни контроли за следење на заболувањето кои пак овој период им се недостапни на голем број пациенти.

Освен одењето на лекар и кога ништо не ве боли за превентивна проверка, за поздрава нација треба и здрав живот со физичка активност и промена во начинот на исхраната.

Македонија е прва во Европа по смртност од ковид-19 во изминатите седум дена споредено на милион жители, додека на светско ниво сме четврти по Перу, Босна и Херцеговина и Унгарија.

(В.Ма.)