Пакистан: Разгневена толпа извлекла турист од полициска станица и го запалила на улица

376
epa11427455 Pakistani security officials stand guard outside a police station that was burnt out by a mob after allegations of desecration of the holy Quran by a suspect, in Madyan, Pakistan, 21 June 2024. A man accused of desecrating the Holy Quran was burned to death by a mob on 20 June evening in Swat valley. The incident occurred in the Madyan area, where the man was being held at a police station for protection. The mob forcibly took him from police custody, set him on fire, and also torched the police station and official vehicles, according to local police. EPA-EFE/NAVEED ALI

Толпа во Пакистан извлекла турист обвинет за богохулење од полициска станица и го убила. Толпата се собра пред станица во градот Мадијан, откако вчера еден маж беше обвинет за сквернавење на Куранот. Полицијата се обидела да го заштити туристот, но безуспешно.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како толпата парадира низ улиците со машко тело, а потоа го пали. Полицијата потврди дека локалното население го запалиле туристот и дека во инцидентот се повредени 11 лица меѓу кои и 8 полицајци.

Туристите бегаат од градот

Регионалниот началник на полицијата во Маланканд, Мохамад Али Гандапур, ја обвини локалната џамија за поттикнување насилство, откако полицијата прво спасила маж кој наводно ја посетил долината Сват – популарна летна дестинација.

Полицаец од регионот Сват за Би-Би-Си изјавил дека полицијата вчера вечерта се обидела да ги расчисти блокираните патишта и да ја растера разгневената толпа.

Властите отворија постапка против стотици луѓе вклучени во инцидентот – некои на возраст од 13 години. Хотелите во градот биле преполни пред инцидентот, но сега туристите се обидуваат да ја напуштат областа.

Смртна казна за богохулење

Линчувањето поради богохулење не е невообичаено во Пакистан. Минатиот месец, еден христијанин беше нападнат откако беше обвинет за палење на Куранот. Тој починал набргу по нападот. Во 1980-тите, богохулењето беше прогласено за кривично дело казниво со смрт во Пакистан.

Гневот на локалното население може да биде поттикнат и од неосновани обвинувања.

Организациите за човекови права наведуваат дека припадниците на малцинствата често се обвинуваат за богохулење. Околу 96% од населението на Пакистан се муслимани.