Пазарџиите најавуваат генерален штрајк низ целата држава

22

Иако се одложи примената на новиот Закон за една година пазарџиите не отстапуваат од своето барање за целосно укунување на законот. Тие најавуваат генерален штрајк и блокада на работата на зелените пазари низ целата држава.

Како што информираат од Владата, тие на средба со пазарџиите ги слушнале нивните аргументите и барањата и постигнале согласност да продолжат консултациите меѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни.

Исто така и од Министерството за економија потврдуваат дека последната средба завршила со позитивен резултат и одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.

Иако сè уште неофицијално, пазарџиите подготвуваат иницијатива до Уставен суд за да се преиспита уставноста на законот, што беше донесен по скратена постапка и како што велат, без консултација со сите засегнати страни.