Пад на вредноста на турската лира

65

Вредноста на турската лирата ослабе поради зголемена загриженост на инвеститорите за влошување на економските услови во земјата, објави Ројтерс.

Лирата изгуби околу 0,7 проценти, што е најголем пад меѓу земјите во Европа, Блискиот исток и Африка, откако податоците за фебруари покажаа поголем дефицит на тековната сметка од очекуваното, а се зголеми и невработеноста.

Очекувањата за инфлацијата во земјата скокнаа во последните неколку недели поради стравувањата дека централната банка ќе одржи строга политика во услови на постојан притисок од владата за намалување на каматните стапки.

Лирата паѓаше постојано откако промената на четворицата гувернери на централната банка во рок од две години ја доведе во прашање довербата во таа институција.