Пад на акциите на европските берзи пред потпишувањето на трговскиот договор меѓу САД и Кина

56

На европските берзи утрово имаше благ пад на акциите пред потпишувањето на првата фаза на трговскиот договор меѓу САД и Кина, бидејќи инвеститорите се двоумат поради најавата од Вашингтон дека царините на кинескиот увоз
остануваат на сила.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше околу 9,30 плус 0,1 проценти.
Во Лондон индексот FTSE падна за 0,15 проценти на 7.632 поени, додека франкфуртскиот DAX оствари 0,10 проценти на 13.445 поени и
парискиот CAC 0,05 проценти на 6.033 поени.

Цените на акциите утрово се зголемија и на азиските берзи, така што MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските, се зголемија за 0,15 проценти.

На берзата во Токио, пак, индексот Nikkei се зголеми за 0,1 проценти на 23.937 поени.Според потпишаниот договор, Кина во наредните две години треба да купи американски производи и услуги во вредност од околу 200 милијарди долари, наспроти досегашните 186 милијарди долари.

Но, царините што досега ги воведоа двете страни остануваат.

Трамп најави дека царините ќе бидат укинати кога ќе се постигне договор и во втората фаза, за што наскоро треба да почнат преговорите.