Павел Атман ќе игра на Супер Глоуб

57

Рускиот ракометен репрезентативец Павел Атман ги надмина проблемите со повредата на прстот и ќе може да му помогне на Вардар на „Супер-Глоуб.“ Тренерот Давид Писонеро се соочи со проблеми кога со потешка повреда се здоби  големото летно засилување, Бразилецот Жоан Толедо, но за среќа Атман се рехабилитираше од повредата и влезе во тренажен процес со остатокот од тимот.

Русинот Глеб Калараш, пак ги договори условите за враќање во Вардар, но пикерот не е подготвен за игра, па воопшто нема да патува со „вардарци“ во Саудиска Арабија. Заедно со него во Скопје ќе останат капитенот Стојанче Стоилов и Жоан Толедо со цел побрзо да се рехабилитираат од повредите.

Вардар првиот натпревар на Супер-глоуб ќе го игра на 28 август, против победникот од дуелот Њујорк – Ал Мудхар.