
Италијанскиот калчогигант Интер не успеа во намерата да ги осигури услугите на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Бенџамин Павард. Во самиот финиш од зимскиот преоден рок, „нероазурите“ испратија понуда за позајмување на офанзивниот бек, но челниците на баварскиот гигант ја одбија понудата со образложение дека тој не е за продажба или за позајмување.