Паб дели бесплатно пиво на секој нов гостин, само треба да се стаса до таму пеш/видео

576
Фото:Фабио Алвес

Шкотскиот паб „The Old Forge“ од минатото лето на секој нов гостин дели бесплатно пиво.

Но, има улов – според Гинисовата книга на рекорди, тоа е најоддалечениот паб на копното на Обединетото Кралство – и треба да пешачите за да стигнете до него.

„The Old Forge“ се наоѓа во селото Инвера на полуостровот Кнојдарт во северозападна Шкотска.

Иако до него може да се стигне и со брод од Малаиг, пабот ќе ви даде бесплатно пиво само ако сте пешачеле до таму, што не е лесна задача.

За да стигнете до овој паб, треба да пешачите два дена по див и оддалечен терен кој е вкрстен со речни брзаци и висока вегетација, а на делови достигнува искачување од околу 1.000 метри.

За воопшто да се започне патувањето кон пабот, потребно е да се стигне до местото Kinloch Hourn, до кое води до пат долг 35 километри. Оттаму низ шкотските висорамнини започнува кривулест и трнлив пат долг 24 километри.

Не само што ви требаат два дена пешачење по предизвикувачки терен, туку треба да се подготвите и за неочекувани временски услови – силен ветер и ненадеен дожд – затоа спакувајте се паметно за патувањето.

Задолжително понесете мапа и компас и никогаш не одете сами на пат, советуваат експертите.

The Old Forge е во сопственост на пиварницата Кнојдарт, која го започна предизвикот со онлајн спортската опрема Wiggle, откако го обнови пабот минатата година.

Запомнете го зборот Wiggle – тоа е тајниот збор што треба да му го кажете на шанкерот пред да ја добиете вашата бесплатна кригла.

Поточно, ќе добиете пиво ale со 5,1 отсто алкохол и навестувања на цитрус наречено „Трале“ кое е специјално направено за повторно отворање на пивницата.

Алек Стоун го снимил патувањето до најоддалечениот паб во Обединетото Кралство за неговиот канал на YouTube. Неговото видео можете да го погледнете подолу.