Пабовите масовно се затвораат во Англија и Велс

342

Англија и Велс губат во просек по 80 пабови месечно бидејќи сопствениците се борат да се справат со намалената јавна потрошувачка и високите трошоци за енергија и храна, покажаа најновите податоци.

 

Во првите три месеци од годинава дури 239 пабови се урнати или пренаменети, објави заводот за статистика ОНС. Ова значи дека Англија и Велс губат во просек околу 80 пабови месечно, 56 отсто повеќе отколку на почетокот на минатата година.

 

Повеќето пабови се затворени во северозападниот дел на Англија, вкупно 35, според извештајот на ONS. Во 2023 година, 472 пабови низ Англија и Велс се трајно затворени. Бројките го одразуваат влијанието на високите трошоци за енергија и храна, намалената лична потрошувачка и значителното даночно оптоварување на угостителскиот сектор, според водачите на пабовите.

Кога се вклучени празни и изнајмени пабови, Англија и Велс имаа 39.162 пабови на крајот на март, речиси исто како и на крајот на минатата година, според податоците собрани од специјалистите за комерцијална сопственост Altus Group.