ОЈО за ВЕЧЕР: Се вештачи вториот мобилен телефон на Катица Јанева

151

Во тек е вештачењето на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, потврдуваат од ОЈО за весникот ВЕЧЕР.

Оттаму, велат дека истрагата за случајот РЕКЕТ е во тек и дека во интерес на истата, не можат да соопштат повеќе детали во насока дали истата е проширена и дали има нови осомничени за овој милионски скандал.

Детали засега не се соопштуваат ниту од вештачењето на првиот телефон на Јанева, кој и беше одземен веднаш по приведувањето на Бојан Јовановски, алијас Боки 13 и Зоран Милевски- Кичеец.

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева на прес-конференција негираше дека е вмешана во овој случај.  Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка.

Од опозициската партија повторно обвинија како што велат тие, дека рекетот потекнува од СДСМ. И странските дипломати бараат за случајот РЕКЕТ да се спроведе темелна и брза истрага.