Творецот на историскиот успех на Вардар и првата шампионска титула во ракометната елита во Европа, Раул Гонзалез, по подолго време повторно ќе седне на клупата во „Јане Сандански“, но овој пат како предводник на друг тим, францускиот ПСЖ кој е противник на „црвено – црните“ во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

-Долго време не сум бил во Македонија, па сега ќе имам можност да се видам со моите пријатели таму. Сигурно тоа ќе биде специјален ден за мене, бидејќи првпат ќе се борам против мојот поранешен клуб. Очекувам срдечен прием од фановите во Скопје, рече шпанскиот стратег.

Покрај Раул, дуелот против Вардар ќе биде од големо значење и за летонскиот „џин“ Кристопанс, кој исто така за првпат ќе игра против својот поранешен клуб.