„А, ние не ја оставаме земјата на простотилакот, шундот и на кичот! Не има….Сепак повеќе од сите нив заедно….“, порача Милошески од “Авалон“
Се погодија некако во исто време. Српската, но и мега-балканската пејачка ѕвезда Аца Пејовиќ и интернационалната музичка ѕвезда Лени Кравиц, всушност, секој на свој начин ги исполнија очекувањата на обожавателите и гостите на Охрид. А, секоја од овие и според музичките вкусови на армија обожаватели. За музика без граници, што е остварливо само во нашата Македонија. Рака на срце, да не му се хитовите од славниот Тома Здравковиќ, чисто се сомневаме дека Пејовиќ ќе беше толку многу популарен, ама ете му се посреќи во кариерата.
Очигледно дека тие евергрин песни (од Тома, но и од истоимениот игран филм) се доволно добра мамка за огромен број луѓе кои му доаѓаат сè уште на концерти. И пее народ со него како хипнотизиран. А, богами Пејовиќ (и менаџерите) со тоа и убаво си заработуваат. И се разбира, чесно!
Секако дека публиката со задоволство го проследи и извонредниот настап на големата светска ѕвезда Лени Кравиц, во Охрид на „Билјанини извори“. Сепак, да бидеме искрени, организаторот (од “Авалон-продукција) всушност се пожали на условите за организацијата на овој ексклузивен македонски концерт на Кравиц.
– Полесно е да нaправиш „Формула 1“ во Маврово отколку да организираш овде концерт, а после ваква „величествено сељачка агенда“, каква што имаше објектот пред концертот на Лени Кравиц, што го доведе во прашање неговото организирање….Никогаш не сум бил погорд на луѓето од „Авалон“ и оние кои работеа за „Авалон“… напиша меѓу другото на „Фејсбук“, очигледно подналутен Бобан Милошески од „Авалон“.
Тој се пожали дека им бил забранет влезот на стадионот до саботата до 24 часот, затоа што имало, како што напиша, „ексклузивен концерт на ѕвездата Аца Пејовиќ, кој е толку ексклузивен што уште во Долно Коњари нема пеено… Во Горно секако има!!!
А, ние не ја оставаме земјата на простотилакот, шундот и на кичот! Не има… Сепак повеќе од сите нив заедно….“, порача Милошевски.
После успешниот охридски концерт, Лени Кравиц во опуштена атмосфера другаруваше со македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева. Својата радост без граници тој ја сподели и со своите многубројни фанови.
–