Само весникот ВЕЧЕР од свои извори со сигурност дознава дека популарниот пејач изминатата сабота ја примил ревакцината и тоа од оние кинеските. Се надева дека ќе биде сè ОК. Доколку ситуацијата со вакцината против коронавирусот пандемијата сосема попушти ете го на концерти, а тоа би било можеби таму на почетокот на август месец. Охрид е како создаден за концерти во тој период

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, кој деновиве е во силна тага поради ненадејната смрт на неговиот пријател, но и композитор (има напишано неколку песни за Здравко) Ѓорѓе Балашевиќ, е еден од ретките по сè изгледа на естрадата кој многу совесно се чува од коронавирусот.

Годините си го прават своето, па Здравко ги избегнува сите контакти со надворешниот свет. Ниту некаде оди кај некој на гости, ниту гости му доаѓаат. Сосема разбирливо. Но и по дома, ќерките и сопругата се во другата дневна соба, па и ако изгледа како во филмовите, најчесто комуницираат преку мобилните.

Само весникот ВЕЧЕР од свои извори со сигурност дознава дека популарниот пејач изминатата сабота ја примил ревакцината и тоа од оние кинеските. Се надева дека ќе биде сè ОК. Доколку ситуацијата со вакцината против коронавирусот пандемијата сосема попушти ете го на концерти, а тоа би било можеби таму на почетокот на август месец. Охрид е како создаден за концерти во тој период, но сето ова да го прифатиме со резерва.

Нашите белградски извори велат дека е сосема здрав, во одлична психо-физичка кондиција и одвај чека вирусот да исчезне, па пак да се радува и пее како некогаш со своите Македонци, бидејќи е чест гостин на концертите во Македонија, па нека остане така и за во иднина. Македонските фанови на Здравко се многу нестрпливи и верни.    Д.Миќиќ   фото:ФБ