ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Сити исфрлен од Лигата на шампиони!

1207

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) драконски го казни актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити. Поради непочитување на Финансискиот фер-плје, популарните „граѓани“ немаат право да играат во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони во следните две сезони.

Освен оваа казна, Сити доби и парична казна од 30 мил. евра!