ОУ „Лазо Ангеловски“ се подготвува за почетокот на новата учебна година

18

Во тек се последните подготовки на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче пред почетокот на новата учебна година.

– Се реконструира оштетениот дел на приодите, а со бехатон плочки се прошируваат и реконструираат веќе постојните патеки. Исто така, бојадисани се и ходниците во училиштето. Се санира и подот на спортската сала. Учениците од ова училиште во рамките на дворот ќе добијат и сосема ново детско катче за безбедна игра во текот на одморите – информираат од општина Аеродром.