Отстранете ги хаварисаните возила 

44

Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.

– Во спротивно, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби. Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина – информираат од општина Аеродром.