На 04.06.2023 во 21.55 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(37) од Тетово затоа што кај него и во неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден хероин. Тој бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.