Откриен идентитетот на извршителот на масакрот во Цетиње, имал жена и три деца, сите ги убил

293

Црногорските медиуми јавуваат дека извршителот на денешниот масакр во Цетиње е 34-годишниот Вучко Бориловиќ. Тој си го застрелал целото свое семејство, по што излегол на улица и пукал во случајни минувачи. Полицијата го уби.

Телеграф.рс јавува дека тој пукал од ловачка пушка, при што убил 10 лица. Дел од локалните медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации јавуваат дека меѓу убиените има и четири деца.

„Се уште сме во шок, не можам да верувам што направил. Слушнав дека долговите биле повод за овој страшен масакр. Не беше во добри односи со соседот, ги убил сите, но зошто и својата невина жена и децата“ – потресено раскажа за Курир.рс роднина на убиецот.

Полицијата потврди дека меѓу шестмината повредени е и еден полицаец. Од Ургентниот центар на КЦЦГ за ТВЦГ изјавија дека е примен маж со тешки повреди на главата и градниот кош. Тројца пациенти морале итно да бидат пренесени во операционата сала и повредите iим се доста сериозни.