Милан Марковиќ (1970), Вељко Марковиќ (1991) и Владимир Еровиќ (1991), сите тројца од Лозница, се осомничени дека учествувале во копањето на тунелот кој на 12 септември беше откриен во депото на Вишиот суд во Подгорица.
Освен нив, в.д директорот на полициската управа Никола Терзиќ најави дека денеска ќе биде поднесена кривична пријава против Ј.Д.(1993), исто така од Србија, како и уште две непознати лица.
Постои сомневање дека сите осомничени Срби, по откривањето на тунелот побегнале во Босна и Херцеговина, од каде што претходно наводно дошле од Црна Гора.
Идентитетот на Ј.Д., неофицијално, наводно бил утврден благодарение на тоа што користел платежна картичка на негово име при тргување во продавница во Подгорица.
Терзиќ покажа и фотографија од жена, едно од двете лица чиј идентитет се уште не е утврден и коај користел лажна лична карта со име Андријана Мариќ. Тој побара помош од граѓаните за откривање на нејзиниот идентитет.
– Нарачател на оваа акција е тешка криминална група од Црна Гора – рече Терзиќ во програмата на ТВ Вијести.
-Нема да кажам која е за да не се загрози истрагата. Не стигнавме до оние кои ја платија не толку малата инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор, изјави Терзиќ.
Тој рече и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти ексклузивни информации.
-Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава поднесена од СВР ќе бидат опфатени шест лица – М.М.(1970), Ј.Д.(1993), М.В., (1991), В.Е.(1991), сите државјани на Србија, изјави Терзиќ.
Како што рече, во пријавата ќе бидат опфатени две лица кои не се јавни.
Терзиќ рече дека откривањето на осомничените за копање на тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица е сложена операција и бара сложена истрага.
-Невозможно е да се знае точниот број на лица кои учествувале во криминални активности. Убеден сум и сигурен сум дека оваа бројка, од девет, ќе расте како што ќе напредува истрагата, рече Терзиќ.
Кражбата на судското депо беше забележана на 11 септември, по што беше откриено дека е ископан тунел од станот во улицата Његошева до депото на Вишиот суд.