Откриена причината за смртта на актерката Ен Хеч

1263

Според записите на Окружниот оддел за медицинска истрага, актерката Ен Хеч починала од инхалациски и топлотни повреди во автомобилската несреќа на 5 август. Состојбата дополнително и била влошена и од скршеницата на градната коска.

Записите наведуваат дека датум на нејзината смрт е 11 август, а начинот на смртта е оценет како несреќен случај.

Ен Хеч по катастрофалната сообраќајна несреќа, падна во кома. Имаше тешки оштетувања на белите дробови поради кои беше ставена на механичка вентилација, а нејзините изгореници бараа хируршка интервенција.

Актерката беше хоспитализирана во Гросмановиот центар за изгореници во болництаа Вест Хилс северно од Лос Анџелес. Нејзиниот претставник тогаш откри дека Ен е приклучена на апарати кои ја одржуваат во живот за да можат лекарите да ги земат нејзините органи за донација. Кога се пронајдени примателите на органи, Ен е исклучена од апарати.

Некои од американските медиуми објавија дека актерката за време на несреќата наводно била под дејство на кокаин, а веројатно и на фентанил, Извори од полицијата во Лос Анџелес, за TMZ рекле дека резултатите ид крвната анализа на актерката биле позитивни и на двете супстанци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)