Откако јавно пофали нацист, претседателот на канадскиот парламент, Ентони Рота, поднесе оставка

151

Претседателот на канадскиот дом на општините, Ентони Рота, поднесе оставка откако несвесно го пофали Украинецот кој се борел за нацистичка единица и го покани во парламентот.

Откако првично ги отфрли повиците да се повлече, Рота навистина поднесе оставка по состанокот со партиските лидери во Отава, јавува Би-Би-Си.

„Морам да се повлечам од претседателската функција. Ќе повторам дека многу ми е жал за се што се случи“, рече тој во парламентот.

Да потсетиме дека владата на канадскиот премиер Џастин Трудо го повика претседателот на канадскиот парламент, Ентони Рота, да поднесе оставка бидејќи покани човек кој се борел во нацистичка воена единица за време на Втората светска војна да присуствува на говорот на украинскиот претседател Володимир. Зеленски.