Откако откажа повеќе најавени концерти: Најблиските пријатели сериозно загрижени за здравјето на Селин Дион

263
Познатата пејачка Селин Дион веќе извесно време има здравствени проблеми, а сега наводно не може да стане од кревет или да се движи.
View this post on Instagram

 

A post shared by Luciana (@lu_celinefan)

 

Пејачката ги откажа најавените концерти во октомври, а неодамна одложи уште неколку, што загрижи многу обожаватели.
Сега се чини дека здравствената состојба на 54-годишната музичка ѕвезда е посериозна отколку што се мислеше.
Дион со месеци се бори со силни и долготрајни грчеви во мускулите, а сега нејзината пријателка проговори за нејзината здравствена состојба, пренесува „News.in“.
Според неа, Селин не може да стане од кревет или да оди поради силните и парализирачки болки во нозете и стапалата. 
Исто така додава дека Дион ослабела многу и дека и е тешко да се грижи за синовите, близнаците Еди и Нелсон.