Отворенa сметкa за донации за доизградба на црквата „Свети. Кирил и Методиј“

47

Општина Делчево отвори сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Изградбата на храмот, како што информираа од општината, е во завршна фаза.

– Досега е изградена фасадата и покривната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, со што очекуваме овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители. Од вчера е отворена и сметка за донации на која граѓаните ќе можат да донираат за целосна доизградба на храмот – информираа од Општината.

Бројот на сметката на која може да се донира, како што додаваат, веќе е објавена на општинската веб-страница.

Доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, се реализира со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, како и со помош на приватни субјекти.