Отворен повик: Работилница за меѓународен проект – „Хорот“

93

Отворен е повик за пријавување на Интерактивната работилница за млади помеѓу 16 -20 години, а која е дел од истражувачкиот процес за меѓународниот театарски проект „The Chorus Project” – „Хорот“ според трилогијата на Есхил „Орестија“.

Македонскиот тим ќе работи на вториот дел од трилогијата, во режија на Ивица Димитријевиќ. Главна цел на претставата е реобмислување на улогата на Хорот во античките драми во однос на денешниот социо-политички и културен контекст. Што значи зборот демократија во 21-от век? Што значи да се биде граѓанин? Што значи Европа и „европска иднина“? Како да се претстави демократијата на сцена?

Работилниците ќе се одвиваат во просториите на Младинскиот културен центар во три фази. Бројот е ограничен на 30 учесници. Пријавување е најдоцна до 12 февруари на chorusproject.mk@gmail.com.

За пријавување треба да се испрати: име и презиме, година на раѓање, кратка биографија, а селекцијата на учесниците ќе биде направена од креативниот тим на проектот. Координатор на работилницата ќе биде Јасмина Василева (актерка).