Отворена тендерска постапка за изградба на градска капела 

81

Отворена тендерска постапка за изградба на градска капела во Делчево. Капелата ќе се гради со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој, преку проект за подобрување на општинските услуги (МСИП), а крајниот рок за доставување на понудите, како што информираа од општината е 11 ноември 2019 година.

– Општина Делчево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи, да дадат запечатени понуди за градежни работи, кои вклучуваат проект за подобрување на општинските услуги со под-проект за ,,придружни и услужни објекти” (капела со ладилник и помошни простории). Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање и за таа цел, повикот е отворен за сите понудувачи, како што е дефинирано во тендерската документација- информираа од локалната самоуправа.

По доставувањето на понудите, како што додаваат, најповолниот понудувач ќе се избира јавно, на 18 ноември оваа година.

-Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 55 илјади денари, а понудите ќе бидат физички отворени, во присуство на претставници на понудувачите на 18 ноември 2019 година-појаснуваат од Општина Делчево.

Според планираното, градската капела би ја чинела Општина Делчево над пет милиони денари, сума со која општината треба да учествува како кофинансирање на целата инвестиција која чини 7,3 милиони денари, од кои 1,8 милиони денари се обезбедени преку грант.