Адвокатот Тони Базби има намера да преземе правни мерки против Паф Диди во име на 120 жртви на сексуална злоупотреба, откако отвори телефонска линија која со денови е преплавена со повици.
Станува збор за телефонска линија која ја воспоставил на почетокот на неделата за да можат сите жртви и евентуални сведоци на злосторствата за кои се товари раперот да пријават што им се случило и на што биле сведоци.
Сепак, за само еден ден телефонот се вжешти од повици.
„Од вчерашната прес-конференција, за околу 24 часа имавме 12.000 повици“, рече Базби.
Ова е еден од начините за жртвите кои сè уште не пријавиле насилство или поради некоја причина не им било дозволено да го пријават.
„Нашата задача е да се обидеме да го слушнеме секој од овие повици и да ги идентификуваме жртвите и оние што се сведоци и за да можеме да собереме докази“, рече адвокатот, додавајќи дека речиси 100 луѓе работат на случајот на Диди, пренесува „Њујрк Пост“.
„Сто и дваесетте тужби за кои разговаравме пред неколку дена, тоа се тужбите што би можеле да ги поднесеме против Паф Деди веднаш, но сакаме да се погрижиме да собереме се што можеме“, додаде Базби.
Меѓу бројните жртви, најмногу се оние кои го обвинија раперот за силување, сексуален напад, сексуална злоупотреба, лажно затворање, присилна проституција, дистрибуирање видеа без дозвола, како и сексуална злоупотреба на малолетници, од кои најмладата жртва беше само девет години, пренесува Нова.