Отворање на Ретроспектива Буњуел вечер во рамки на Филозофскиот филмски фестивал

35

Филозофскиот филмски фестивал, вечер во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе ја отвори Ретроспективата Буњуел. На првата ретроспективна вечер ќе се одржи проекција на три краткометражните филмови на Луис Буњуел – „Андалузиски пес“ (1929), „Земја без леб“ (1932) и „Симон Пустиникот“ (1965).

Во рамките на Ретроспективата Буњуел ќе бидат прикажани девет филмови во седум фестивалски вечери, односно во наредните денови ќе можат да се погледнат и филмовите „Виридијана“ (1961), „Ангелот истребувач“ (1962), „Дневникот на една собарка“ (1964), „Убавицата на денот“ (1967), „Дискретниот шарм на буржоазијата“ (1972) и „Тој мрачен предмет на желбата“ (1977).

Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика. Па така, како што соопштија од фестивалот, публиката ќе има можност да дискутира и со Стојан Синадинов, филмски критичар и соработник на Кинотеката, Луис Мартин Ариас, професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија, Златко Ѓелески, писател и филмски, музички и книжевен критичар, Даријан Пејовски, македонски режисер, Мариглен Демири, философ и активист, Јасна Котеска, писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ.

Пред проекцијата најавено е обраќање на директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова и амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Хосе Луис Лосано Гарсија.

По проекцијата е предвидено излагање на м-р Ернесто Хедереро дел Кампо од Шпанија на тема „Буњуел и шпанската култура“.