Осум пара професионални чизми и ракавици за велешките пожарникари

3955

Осум пара професионални чизми и ракаваци, денеска донираше компанијата „Маркарт Македонија“  за вработените во Територијалната противпожарна единица од Велес, во вредност од 158.800,00 денари, соопштија од Општината.

Командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски изрази благодарност за донацијата и надеж за продлабочување на соработката.

Во име на Советот на Општина Велес и граѓаните, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, се заблагодари за донирањето на опремата, која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на условите за работа на професионалните пожарникари од градот.

-Се надевам дека овој пример кој ја потврдува „Маркарт Македонија“ како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата-истакна Коцевски.

Генералниот директор на „Макарт Македонија“, Волфганг Ајфер потенцираше дека компанијата е важен дел од заедницата и како најголем работодавач во Велес, сака да придонесе за подобрување на истата, но и да ги поттикне другите компании да го следат нивниот пример за да можат да помогнат на ТППЕ.