Хенингсвер е мало рибарско село во Норланд, Норвешка. Во селото има еден терен кој ги привлекува љубителите на спортот, како и оние на кои им се допаѓаат необичностите.

Стадионот Хенингсвер е на невообичаено место, среде остров со околу петстотини луѓе и иако се вика стадион, на теренот нема трибини.

Постојат голем број на импровизирани места за седење и тревни ридови, што го прави стадионот „Хенингсвер“ сепак посетен. Теренот е опкружен со остри карпи, а освен теренот, во тој мал простор има „лента“ асфалт за, иако малку, но редовни гости.

Овој остров, кој припаѓа на групата Лофотен, беше поврзан со копното во 2007 година. Честопати е наведен на листата места кои се задолжителни за посета.