Островите Миконос, Санторини и Милос, нови жаришта на коронавирусот во Грција

118
dav

Грчката јавно здравствена организација (ЕОДИ) објави дека инфекцијата со коронавирус повторно расте во таа земја. Во четвртокот се регистрирани 10.474 нови случаи на зараза со коронавирус, а починале 17 лица. На респиратор се 88 пациенти во тешка состојба, кои се претежно невакцинирани или делумно вакцинирани лица.

Во болниците во Грција се примени 192 пациенти со ковид, а просечната возраст на заболените е 37 години.

Според последните податоци на EODY за состојбата на епидемијата на грчките острови и во градовите, Миконос води со скок по бројот на заразени за 50,89 отсто, Санторини е втор (33,51 отсто), а Милос е трет (32,31 отсто). ). Со раст на бројот на заразени за над 20 отсто, се Парос, Западна Атика каде е и Атина и Карпатос, додека на другите поголеми острови и во градовите во Грција порастот е од 10 на 20 отсто.

Се повеќе има грчки здравствени експерти кои се залагаат повторно да се преземат мерки за ублажување на пандемијата, кои се целосно ублажени со почетокот на туристичката сезона на 1 мај.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија.

Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World in Data) на универзитетот Оксфорд, што ја следи пандемијата.