Останува на сила забраната за товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, сообраќајот се одвива тековно, по влажни коловози

21

Останува на сила забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка. На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози и со слаби остатоци од кашест снег на коловозот на некои повисоки места.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.