Оставено тенџере на шпорет ќе предизвикало пожар во зграда во Аеродром

318

Заборавено тенџере на шпорет утринава било потенцијална опасност да опажари стан на осми кат во зградата со број 10 на улица „Методија Шатарлов Шарло“, во населбата Аеродром.

Како што информираше Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кога по дојава пристигнале пожарникарите, во станот имало само чад. Поради нивната брза интервенција било спречено да настане пожар.