Штипскиот Основен суд и уште неколку судови во државата се погодени од енергетската криза, од причина што добавувачот на електрична енергија еднострано им го раскинал договорот, посочи на денешната прес-конференција претседателот на Основниот суд-Штип, Ѓорѓи Андонов.
Тој направи споредба, ако во декември 2020 плаќале 35.000 денари, во декември 2021 година кон ЕВН треба да намират сметка од околу 250.000 денари. За два месеца, декември и јануари, долгот за струја на оваа институција е речиси 500.000 денари.
– Во план е да побараме и судска заштита, односно да поведеме спор кон правното лице, коешто го раскина едностраниот договор и сметаме дека на тој начин ни е нанесена штета, вели Андонов.