Осмоноемвриски награди и признанија за најзаслужните неготинчани

19

 

Осмоноемвриската награда што општина Неготино ја доделува по повод денот на ослободувањето на градот, годинава ја добива трговското друштво “Дуки Дасо” ДООЕЛ Неготино, одлучија советниците во Советот на општината. Додека пак, осмоноемвриски признанија добиваат филмскиот работник Илија Цветковски, маратонецот Атанас Наумов, Ракометниот клуб “Вардар” Неготино, крводарителот Ленче Лазовска и научниот истражувач Ангела Глигорова.

Локалната самоуправа имаше објавено повик на кој сите заинтересирани можеа да дадат предлози за добитници на највисоките општински признанија, кои се доделуваат за остварени резултати во областа на локалниот економски развој, спорт, образование и култура, стопанство и хуманитарна дејност и придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

Наградите и признанијата ќе им бидат врачени на добитниците на свечената седница на “8 Ноември”.