Осма европска титула за каратистот Дејан Недев

212

Каратистот Дејан Недев стана европски шампион во кати за сениори на 35-от ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград.

Ова е осма европска титула за Недев во неговата богата натпреварувачка кариера.

Првата титула ја освои пред 10 години на Европскиот шампионат во Ерусалим во Израел во 2011 година.