Откако Изет Меџити, поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на новоформираната партија – Демократско движење, го обвини министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека тој наводно се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта за да разговараат за измени на Кривичниот законик, Османи негира средба со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега бегалец во Будимпешта.
„Еднаш рекоа дека Али Ахмети го сретнал, па рекоа – не, Артан Груби го сретнал, сега го имам сретнато! Можеби ќе погодат со четвртиот“, вели во својот одговор Османи.