Оскаровецот Хоакин Феникс фан на Атиџе

2304

“Познатиот холивудски актер Хоакин Феникс, кој годинава доби Оскар за најдобар актер во улогата на „Џокер“, како и режисерот на овој филм Тод Филипс, се фанови на Атиџе и на ‘Медена земја’”, откри од Лос Анџелес Самир Љума, еден од кинематограферите на македонскиот документарец.

„Филмот има и многу други фанови меѓу познатите личности во Холивуд кои го гледаа филмот. Се надевам дека деновиве ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби“, изјави Љума.

Деновиве и американскиот актер Вендел Пирс познат по улогата на Роберт Зејн во американската серијата “Suits“, ликот што го играше Меган Маркл пред да се омажи за принцот Хари, ја спомна Атиџе.

„Атиџе Муратова е ѕвездата на ‘Медена земја’. Само што ја сретнав на забавата на наградите. Таа целосно го заслужува вниманието што го добива. Во оваа точка од нејзиниот живот таа е слободна. Награда за грижата што ѝ ја даде на нејзината мајка“, напиша црномурестиот Вендел Пирс на Твитер.