Лондонскиот премиерлигаш Челзи со големо внимание ја следи ситуацијата околу нигерискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Виктор Осимен. Брзоногиот напаѓач не крие дека сака да ја промени клупската средина до крајот на летниот преоден рок, но официјалната понуда за неговото обештетување не смее да биде помала од 100 мил. евра.