Австралискиот велосипедист Метју Ричардсон, освојувач на три медали на Олимписките игри во Париз, ја шокираше јавноста откако реши во иднина да ја претставува Велика Британија. Големиот австралиски спортист всушност е роден во Велика Британија, но се преселил во Австралија кога имал девет години, ја воодушевил земјата на неодамна завршените Игри во француската престолнина, но набрзо ја шокирал нацијата.
Успеа да дојде до три медали во Париз, сребро во индивидуален спринт и кеирин, како и бронза во екипниот спринт на велодромот, а потоа донесе важна одлука.
По огромниот успех тој се врати во Англија каде што планира да живее, но и во иднина да ја претставува оваа земја на натпреварувањата.
- Знаете што, решив да го спакувам целиот мој живот и да се преселам за да го започнам следното поглавје во мојата велосипедска кариера! Менувањето на репрезентацијата беше тешка одлука која не ја донесов лесно – изјави Ричардсон, чија промена на репрезентацијата ја одобри Светската велосипедска федерација.