Орце Камчев останува во притвор

24

Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во истражниот затвор “Скопје”. Кривичниот суд денеска му го продолжи притворот за нови 30 дена.

-Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, информираат од Кривичниот суд.

Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно”.