Орхан Памук: Веќе не можам да живеам во Истанбул

19
Hamburg, GERMANY: Turkish Nobel literature laureate Orhan Pamuk gestures during a reading at the Schauspielhaus theatre in Hamburg, northern Germany, 02 May 2007. Pamuk began his book tour in Germany after cancelling a trip earlier this year reportedly due to death threats. AFP PHOTO DDP/ROLAND MAGUNIA GERMANY OUT (Photo credit should read ROLAND MAGUNIA/AFP/Getty Images)

Турскиот писател и нобеловец Орхан Памук изјави дека поради политичките случувања за него веќе е невозможно да живее во родниот град Истанбул, јави Си-Ен-Ен Турк. пренесувајќи негова изјава дадена за италијанскиот весник „Стампа“.

– Ми го уништија мојот Истанбул, нагласува Памук во литературна белешка за весникот.
Памук зборува за негативните промени во градот во изминатите 15 години. – Веќе е погрешно од политички аспект дури и да покажуваш носталгија, додава Памук.

Според него, Истанбул е побогат, но помалку слободен град.

Памук од неодамна живее во Њујорк и предава на Универзитетот Колумбија. – Политички веќе не можам да живеам таму, наведува Памук.

Тој додава дека се претворил во политички писател, укажувајќи дека почнал да им завидува на западните автори. – Иднината на Турција е Западот, категоричен е Памук, кој вели дека пораснал со таква уведеност.

– Стекнав западно, либерално, секуларно образование. Денес во Истанбул нема слобода на говорот и тоа ме загрижува, натажува и ми пречи, нагласува Памук.