Општина Ѓорче Петров ги затвори детските игралишта

143

Општина Ѓорче Петров ги затвори детските игралишта. Од Општината велат дека превенираат на оние места кои се потенцијални собиралишта, додека на оние игралишта кои се со метална ограда, вратите ќе им бидат заварени.

Освен тоа, по прекинот на наставниот процес во училиштата и градинките е спроведена вонредна дезинфекција.

Како што информираат од локалната самоуправа, училиштата имаат обврски да обезбедат дежурства од вработените, да обезбедат средства за хигиена и дезинфекција во доволни количини, како и редовно да вршат дезинфицирање на главните и споредни влезови, просториите што ги користи обезбедувањето и просториите на дежурните вработени.