Општина Центар бара доставувачи на храна

910

Како резултат на пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час, Општина Центар објавува Јавен повик за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори/и маркет/и кои работат на територијата на Општина Центар.

Согласно владините мерки за онлајн работа и достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори/и маркет/и се повикуваат да се пријават во Општина Центар на следнава електронска адреса: info@centar.gov.mk

Пријавата која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до петок 10.4.2020 година до 12 ;асот.

– Се замолуваат економски оператори/и маркет/и, заедно со пријавата во прилог да ни испратат и скенирана копија од ДРД образец. По приемот на сите добиени пријави од сите економски оператори/и маркет/и, истите ќе бидат разгледани и проследени до Полициска станица – Центар (Беко) и Град Скопје.