Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам

53

Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам, област во којашто, според тамошната локална самоуправа, се препознатливи  во државата и странство.

Од Oпштината информираат дека за развој на туризмот се потребни инфраструктурни пристапи до секое населено место и затоа со поддршка на јавното претпријатие за државни патишта, завршена е реконструкцијата на патишта до селата Зовиќ, Рапеш и Старавина

-Интервениравме и во село Градешница бисерот на битолско Мариово и таму целосно се поплочени улиците, обезбедивме техничка вода за наводнување на Долно Маало, а за поголема туристичка примамливост во селото поставивме споменик скулптура Коњ, изработен од шрапнели, остатоци од Првата светска војна. Наскоро Градешница ќе биде препознатлива по комплетно партерно уреденото капалиште на Градешка Река под селото кое ќе биде атракција и место за уживање за туристите и локалното население – вели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Од Општина Новаци најавуваат дека по комплетирањето на проектната документација ќе почнат со поплочување на патот кој води до манастирот „Свети Илија“.

– И со овој проект уверени сме дека го развиваме меморијалниот и руралниот туризам и привлекуваме туристи од целиот свет- посочи Кузманоски.