Општина Велес ја помина првата проверка на ИСО стандардот за општинска администрација

51

Општина Велес е една од ретките десетина во земјава кои имаат ИСО стандард за квалитет за управување во јавната администрација.Таа деновиве успешно ја помина првата надзорна проверка за квалитет ИСО 9001:2015.

Како што појасни градоначалникот Аце Коцевски тоа е гаранција за постојано подобрување  на квалитетот на општинските услуги кон граѓаните.

-Им благодарам на граѓанските организации кои со своите проекти  ги подржуваат овие наши процеси, истакна Коцевски.