Општината Гази Баба го чистеше каналот и суводолиците во Црешево

70

Општина Гази Баба спроведе акција за чистење на каналот и суводолиците во населеното место Црешево, информираше градоначалникот Борис Георгиевски на својата фејсбук-страница.

Тој додава дека поплавата од 2016 ја обврзува Општината да води грижа и превентивно да презема мерки за одржување на каналите.