Опра Винфри заврши во болница: „Внимавајте, ако допрете заразена површина, ќе се заразите“/ВИДЕО

324
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Веста која го обиколи светот пред неколку часа е дека Опра Винфри е итно хоспитализирана, а нејзината пријателка Гејл Кинг откри дека водителката има сериозни дигестивни проблеми, односно дека завршила во болница поради стомачен вирус.

Гејл сега преку Инстаграм откри дека Опра повеќе не е во болница, но дека имала здравствени проблеми поради кои била отсутна.

Опра требаше да биде водителка на шоуто „CBS Mornings“ во кое разговара со писатели, а во вторникот наместо тоа, серијата ја водеше Гејл. По шоуто и се јавила на Опра и таа самата и објаснила што и се случило.

„Бев во итната медицинска помош и бев дехидрирана. Устата ми беше сува, не можев да ја задржам водата во себе. Сè уште не сум на 100 проценти добра, но подобра сум“, рече таа.

„Пет лица во мојата куќа се исто така заразени. Измијте ги рацете, ми рекоа дека се шири со допир. Заразата живее на кваките и оградите до 10 часа, ако ја допрете таа површина по заразено лице, ќе ја „закачите“ и вие“, рече таа.

Официјална изјава испрати и нејзиниот портпарол до CNN.

„Госпоѓа Винфри се опоравува од интестинален вирус и по препорака на нејзиниот лекар доби интравенска инјекција за дехидрација. Секој ден се одмара и се чувствува подобро“.