Опожарени две патнички возила

124

На паркингот на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“, утринава во 02.45 часот се опожарени две патнички возила, за среќа нема повредени.

Како што информира Ѕвонко Томески, заменик командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, дојавата за опожарените патнички возила била примена во 02:45 часот.

-Станува збор за две возила, „тојота jaрис“ и „БМВ“. Бригадата за противпожарна заштита интервенираше со едно возило и тројца пожарникари. Причините за настанување на пожарот и штетата сеуште не се утврдени. Неофицијално, се работи  за поголема материјална штета. Во оваа незгода нема повредени. Интервенцијата е завршена во 03:30 чаот, изјави Томески.