ОН предупредуваат на хуманитарна криза во Авганистан

30

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на претстојната „хуманитарна катастрофа“ во Авганистан, повикувајќи ги државите да обезбедат итни финансиски средства по заминувањето на американските сили.

– Ги повикувам сите земји-членки да работат напорно за народот на Авганистан во нивниот најтежок момент. Ги повикувам да обезбедат навремено, флексибилно и сеопфатно финансирање, изјави генералниот секретар на ОН.