Омикрон сојот „удри“ на пазарот: Цената на нафтата забележа најлош ден

3073

Цените на нафтата вчера го забележаа својот најлош ден годинава. Цените паднаа на најниско ниво во последните два месеци бидејќи новиот сој на коронавирусот го поттикна стравот од намалување на побарувачката, токму во моментот кога понудата се зголемува.

Светската здравствена организација во четвртокот предупреди на новиот сој на коронавирусот откриена во Јужна Африка. Како што е посочено, новиот сој омикрон би можел да биде отпорен на постојните вакцини иако од СЗО велат дека за да се потврди тоа со сигурност, потребни се понатамошни истражувања.

Но, појавата на новиот сој на коронавирусот веќе го потресе светскиот пазар. Цената на американската нафта падна  на 68.15 долари по барел, што е пад за 13,06 отсто или за 10.24 долари по барел. Тоа е најголем пад на цената на нафтата од април 2020 година.

Цените на меѓународно референтната Брент нафта паднаа за 10,7 отсто или за 8.77 долари, на 73.45 долари по барел.

Намалаувањето на патувањата и потенцијалните нови блокади што би можеле да ја погодат побарувачката, доаѓаат токму во моментот кога се подготвува зголемување на понудата на нафта на светскиот пазар.